Дома Фудбал Останато Видео: Без конкуренција! – Марко Марин го изведе најглупавото симулирање во сезоната!

Видео: Без конкуренција! – Марко Марин го изведе најглупавото симулирање во сезоната!

Сигурно многумина од вас се уште добро се сеќаваат на Марко Марин, поранешниот репрезентативец на Германија.

Токму тој Марко Марин сигурно е главен кандидат за најглупавото симулирање во сезоната. Симулираше удар од – судијата!

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Марин настапува за Олимпијакос кој во последниот натпревар беше поразен од Аполон со резултат 1:0, а во судиското продолжение фудбалерите на најтрофејниот грчки клуб бараа пенал.

Сите играчи на Олимпијакос се собраа околу главниот судија, а потоа се појави Марко Марин кој направи потег кој на никого не му е јасен, но барем сигурно добро ќе ве насмее.

Судијата со рацете се бранеше од фудбалерите, а таа ситуација ја искористи Марин кој како покосен падна на тревникот.

Навистина не е јасно што Марин мислеше во таа ситуација и што сакаше да постигне? Можеби судијата да се исклучи самиот себе…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дали вреди навистина толку? Арсенал продава тројца за Родриго!

Нема повеќе простор за сомнеж дека бразилскиот фудбалер Родриго е главната цел на Арсенал …