Дома Фудбал Видео: Барса од „два во кец“ – Гуидети погоди за предност, Суарез изедначи, Меси со магија од слободен стави точка

Видео: Барса од „два во кец“ – Гуидети погоди за предност, Суарез изедначи, Меси со магија од слободен стави точка

Во денешниот термин од 20:45 во шпанската Примера својот натпревар од 21 коло го одигра екипите на Барселона и Алавес.

Алавес кој се бори за опстанок во Шпанија долго време имаше предност против лидерот во првенството, но сепак Барселона на крајот успеа да стигне до трите бода.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Гостите беа тие кои први стигнаа до предност во 23 минута од натпреварот преку Гуидети. Домаќинот ја имаше топката во свој посед, но во првиот дел Меси, Суарез и друштвото не успеаа да го пронајдат патот до мрежата на Пачечо.

Конечно Барселона успеа да погоди и да изедначи во 72 минута од натпреварот преку Луис Суарез. Десетина минути подоцна на „Ноу Камп“ следуваше магија на Лионел Меси кој од слободен удар погоди за целосен пресврт и победа.

Барселона по оваа победа и по ова коло ќе ја задржи предноста од 11 бода во однос на Атлетико Мадрид.



Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дали вреди навистина толку? Арсенал продава тројца за Родриго!

Нема повеќе простор за сомнеж дека бразилскиот фудбалер Родриго е главната цел на Арсенал …