Дома Фудбал Лига на шампиони Видео: Аталанта и Лајпциг испишаа историја

Видео: Аталанта и Лајпциг испишаа историја

Аталанта и Лајпциг обезбедија историско четвртфинале во Лигата  на шампионите откако супериорно ги елиминираа Валенсија односно Тотенхем.

Фантастичен натпревар одиграа Валенсија и Аталанта – публика немаше, но имаше „дожд“ од голови.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Аталанта имаше предност на полувреме 2:1 со головите на Иличиќ, но Валенсија во вториот дел успеа да направи пресврт.

Сепак магичниот Словенец го игра мечот на кариерата и во 71-та и 82-та минута постигна нови два гола за водство на Божицата.

Лајпциг му одржа уште една лекција на Мурињо и го елиминира Тотенхем, откако пред своите навивачи славеше со 3:0.

Патникот во четвртфиналето беше решен после првите 15 минути кога Германците имаа предност од 2:0 со двата гола на Сабицер.

Во второто полувреме Форсберг во 87-та минута ги постави конечните 3:0 за пласман во четвртфиналето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Едвај преживеа во тешка соображајна несрежа. Сега открива: “Не се сеќавам на ништо”

АНТОНИО (35), легендарниот напаѓач на Вест Хем и репрезентативец на Јамајка, ја отвори душ…