Барселона се најде во проблеми пред реваншот во осминафиналето од Лигата на шампионите откако одигра 1:1 против Наполи во првиот натпревар.
Имено на 18. март на „Ноу Камп“ Барселона ќе игра без Серхио Бускетс и Артуро Видал кои ќе го пропуштат овој натпревар поради суспензија. Посебно непотребен беше црвениот картон кој во 89. минута го доби Видал. Чилеанецот беше исклучен поради неспортско однесување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Темпераментниот играч за врска ја остави Барса неколку минути со десетмина, а при излегувањето од терен ги провоцираше навивачите на Наполи кои му испраќаа силни свирежи.
Видал им возврати и кон нив извика: Форца Јуве! Што сигурно дополнително ја налути публиката.
Ќе потсетиме, Видал е поранешен играч на Јувентус, клуб кој е веројатно најомразен во Неапол.
I think Vidal just shouted forza Juve to the Napoli supporters…?
— Juvefc Gifs & Videos (@juvefcgifs) February 25, 2020
pic.twitter.com/x8k5z0IXzh