Манчестер Јунајтед сака во зимскиот преоден рок да го донесе играчот за врска на Барселона, Артуро Видал, пренесуваат англиските медиуми.
„Црвените ѓаволи“ сакаат да го засилат тимот со искусен играч за врска, а Солскјер смета дека Видал ќе биде идеално засилување. Чилеанецот оваа сезона не добива голема минутажа на Камп Ноу, па и самиот е спремен да ја промени средината.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Манчестер Јунајтед стапил во контакт со агентот на 32-годишниот играч за врска и ги започнал преговорите. Наводно „црвените ѓаволи“ се спремни да платат 20 милиони евра, колку што бара Барселона за слободата на Чилеанецот.
Меѓутоа, Јунајтед не е единствениот клуб кој го сака Видал, за него силен интерес покажува и милански Интер, па се очекува „борба“ за неговиот потпис.
Медиумите тврдат дека во моментов „црвените ѓаволи“ се фаворити за неговиот потпис, бидејќи се спремни да платат 20 милиони евра, додека Интер сака да го донесе играчот на позајмица.