Дома Фудбал Репрезентации Видал се извини после кунг-фу стартот

Видал се извини после кунг-фу стартот

Репрезентативецот на Чиле, Артуро Видал доби црвен картон во натпреварот против Еквадор кој неговата селекција го изгуби со 0:2. Видал беше исклучен после еден кунг-фу старт после само 14 минути игра.

Видал без проблеми направи жесток старт над противничкиот играч и ја остави екипата на цедило на почетокот на мечот.

Lazar Keskinov

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Се уште не можам да верувам. Им се извинувам на соиграчите, стручниот штаб, семејството и цела земја. Ќе продолжиме да се бориме до крај“, напиша Видал.

Чиле на четири кола пред крајот на квалификациите за Мундијалот е на шестото место, но и понатаму со реални шанси да се избори за настап во Катар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Струга го декласира Арсими и стана нов лидер во Првата лига

Струга Трим Лум убедливо го совлада Арсими со 4-0, а Башкими беше подобар од Работнички со…