Најновото засилување на Барселона, Артуро Видал избра со кој број ќе настапува во каталонскиот клуб.
Чилеанецот немаше можност да го избере својот омилен „23“, бидејќи тој е во сопственост на Самуел Умтити, па поради тоа го избра бројот „22“, кој минатата сезона го носеше Алеиш Видал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Останатите нови засилувања исто така ги избраа своите броеви. Бразилецот Артур ќе го наследни Иниеста со бројот „8“, додека Малком на грброт ќе го носи бројот „7“.
Францускиот дефанзивец Клемен Ленгле пак ќе го носи дресот со број „15“, кој минатата сезона го носеше Паулињо.
Arturo Vidal has big ambitions at Barca ? pic.twitter.com/2tkICS2iEd
— B/R Football (@brfootball) August 6, 2018