На пет месеци пред почетокот на Олимписките игри во Париз САД полека го комплетира тимот со кој ќе се обиде да дојде до златниот медал и петтата титула.
Медиумите во САД веќе пренуваат дека во овој момент се сигурни седум суперѕвезди: Леброн Џејмс, Кевин Дурант, Џејсон Тејтум, Девин Букер, Џру Холидеј и Жоел Ембид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од сите овие само Ембид нема златен медал и летово ќе дебитира во дресот на САД, но сепак треба да се почека поради операцијата на коленото од која во овој момент се рехабилитира.
Ќе имаат квалитетни кошаркари Американците и на преостанатите пет места, а најверојатно тоа би биле: Ентони Едвардс, Тајрис Халибартон, Бем Адебајор и Ентони Дејвис. Последниот патник би бил познат на крајот од сезоната во најсилната кошаркарска лига.