Поранешниот голгетер на Манчестер Јунајтед, Вејн Руни одигра фантастичен натпревар во победата на неговиот Ди-Си Јунајтед.
Ди-Си Јунајтед на стадионот во Вашингтон победи со 5:0 против Реал Солт Лејк, а Руни постигна дури три гола и запиша една асистенција и така потсети на неговите најдобри денови од „Олд Трафорд“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Првиот гол го постигна во 34-тата минуита од пенал, а потоа во 41-та минута после додавањето од соиграчото Јара со ефекетен полулоб го матираше голманот и постигна навистина преубав погодок.
До „чист“ хет-трик оној кога играчот ќе постигне три гола во низа дојде во 65-тата минута.
Во 76-тата минута Руни и му асистираше на Родригез за 4:0, а конечниот резултат од 5:0 го постаби Сегур во 80-тата минута.
Треба да се истакне и дека гостите во овој натпревар останаа со два играчи помалце. Прво беше исклучен Саварино кон крајот на првиот дел, па Силва во 67-та минута.