Дома Фудбал Италија Вечерва важен состанок на Конте со претседателот на Интер

Вечерва важен состанок на Конте со претседателот на Интер

Претседателот на Интер, Стивен Жанг допатува во Германија и вечерва ќе одржи состанок со тренерот на тимот Антонио Конте.

Италијанските медиуми изминатиов период пишуваа дека Конте нема голема поддршка од раководството на тимот и дека многу лесно може да добие отказ.

Конте дури и јавно кажа дека нема поддршка од клубот. Тоа го изјави за Скај Спорт Италија по завршувањето на сезоната, а неговите зборови не им се допаднаа на челниците.

Амбициите на клубот и Конте прилично се разликуваат. Многу работи не функционираат, па вечерашниот состанок ќе биде вистинска шанса односите барем малку да се подобрат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Ливерпул го подготвува новиот договор за младиот талент Рио Нгумоа

Ливерпул е во преговори за нов долгорочен договор со 18-годишниот Рио Нгумоа, кој брзо се …