Дома Фудбал Ветеранот со критики: Срамно е што не го победивме Атлетико!

Ветеранот со критики: Срамно е што не го победивме Атлетико!

Андрес Иниеста изјави дека Барселона била подобра од Атлетико Мадрид во дербито на осмото коло во шпанската Примера и дека е срамно што не успеале да слават.

Барселона губеше до 82 минута од средбата кога Луис Суарез го постигна изедначувачкиот погодок.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Кога се ќе собереме ние имавме одлична игра на двата краја на теренот. Креиравме шанси и одигравме добар натпревар. Срамно е што не успеавме да освоиме три бода, но освоивме еден и мораме да продолжиме понатаму“, изјави Иниеста.

Клубот од Мадрид поведе во 21 минута, меѓутоа во продолжение од натпреварот беше во подредена улога.

„Ова беше одличен натпревар, на две одлични екипи. Не успеавме да постигнеме втор гол, но тоа е фудбалот“, изјави легендата на Барселона.

За Барселона ова беше прв натпревар во сезоната во кој не успеаа да победат. Од друга страна, Атлетико остана непоразен и во осум натпревари има четири победи и четири нерешени средби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Халанд го призна она што сите го мислат за Манчестер Сити оваа сезона

Ерлинг Халанд призна дека неговиот Манчестер Сити игра „катастрофална сезона“ и го изнесе …