Дома Фудбал Репрезентации Ветеранот Кјаер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Ветеранот Кјаер повеќе нема да игра за репрезентацијата

Ветеранот Симон Кјаер по 15 години и 132 настапи во дресот на Данска одлучи да стави крај на репрезентативната кариера.

Повлекувањето од националниот дрес, Кјаер го објави на социјалните мрежи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Одлучив да се повлечам по 15 одлични години. Тажен сум затоа што чувството на единство кога сум во репрезентацијата ми значеше многу. Кога имав четири години и почнував да играм фудбал, не можев ниту да замислам дека ќе учествувам на шест Светски и Европски првенства, а ќе одиграм 132 натпревари.

Горд сум за големата привилегија да бидам и капитен во последните осум години. Благодарност до сите, Федерацијатам тренерите, персоналот, сите соиграчи, навивачите…“, порача Кјаер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Алегри за Модриќ: Само од него зависи дали ќе остане во Милан

Тренерот на Милан Масимилијано Алегри ја коментираше иднината на Лука Модриќ, кој на крајо…