Дома Фудбал Милан спрема нов договор за Кјаер

Милан спрема нов договор за Кјаер

Раководсвото на Милан наскоро ќе му понуди нов договор на дефанзивецот Симон Кјаер, пренесуваат италијанските медиуми.

Кјаер во јануари пристигна во Милан и веднаш се етаблираше во столб на одбраната на „росонерите“, а има договор со клубот до 2022 година.

31-годишниот дански репрезентативец моментално на „Сан Сиро“ заработува 1,2 милиони евра, а Милан е спремен да му понуди покачување на платата.

„Росонерите“ моментално водат преговори и со капитенот Алесио Ромањоли, кој заедно со Кјаер формира одличен дефанзивен тандем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси тргнува по Кунде, Алонсо подготвува личен повик

Жил Кунде наводно е приоритет на Челси за јануари, но евентуалните преговори со Барселона …