Дома Трансфер зона Вест Хем за 60 милиони ја купи бразилската ѕвезда

Вест Хем за 60 милиони ја купи бразилската ѕвезда

Вест Хем ја зголеми понудата за Лукас Пакета и е блиску до реализација на трансферот, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако Лион ја одби првата понуда од 50 милиони евра, Вест Хем вчера испрати нова понуда од 57 милиони евра плус 3 милиони како бонуси.

Тоа е сумата која Лион ја бараше за слободата на Бразилецот, па трансферот е пред реализација.

Интерес за Пакета имаше и од Њукасл, но „чеканите“ ја победија конкуренцијата и веќе постигнаа 5-годишен договор со Бразилецот.

Од целата сума 15% ќе завршат во касата на Милан, од каде Пакета пред две години се пресели во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…