Дома Фудбал Англија Вест која е лоша за Венгер, но ги радува навивачите на Арсенал

Вест која е лоша за Венгер, но ги радува навивачите на Арсенал

Некои мислат дека ова и не е лоша вест.

Фудбалерите на Челзи и Арсенал од 14:30 го играат големото лондонско дерби, а овој меч ќе го пропушти Месут Озил. Германецот е надвор од теренот поради помала повреда, а многу навивачи на Арсенал во овој момент сметаат дека неговото отсуство и не е толку лошо во овој момент.


Озил не е во најдобра форма од почетокот на сезоната, често е на удар од критичарите дека „исчезнува“ во играта кога е најпотребно. Неговото отсуство значи дека Арсенал денеска по прв пат ќе игра со триото – Санчез, Велбек, Лаказет, што ги радува навивачите на „топчиите“.

Инаку, Челзи го победи Арсенал во пет последователни натпревари на „Стемфорд Бриџ“, а навивачите на „Сините“ се надеваат дека таа низа ќе биде продолжена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСВ ја одбрани титулата во Холандија

Тимот од Ајндховен успеа да ја заокружи сезоната со одбрана на титулата првак на Холандија…