Прекрасната Колумбијка инаку е модел по професија, но сега сериозно сака да се искачи на тронот од светскиот женски бокс.
Светот на боксот е буквално разубавен со влегувањето во тој груб спорт од страна на атрактивната Моника Хенао, која заплива во боксерските води на почетокот од оваа година.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нејзиниот пат е интересен не само поради нејзиниот изглед. Со бокс почна да се занимава за да ги симне вишокот килограми после раѓањето на своето бебе, а на нејзната прва борба славеше против српската боксерка Сара Марјановиќ.
No sé ustedes, pero yo me apunto, voy a ver a nuestra boxeadora Monica Henao este 29 de Abril en Palmar de Varela, velada Probox del Caribe. pic.twitter.com/Jc48PFjgS1
— RICARDO ORDÓÑEZ S. (@reporterillo) April 11, 2017
Јужноамерканската манекенка напорно тренираше за да се врати во форма, а тогаш започнаа и наговарањата да почне професионално да се занимава со бокс.
„После раѓањето на мојот син морав да ги симнам вишокот килограми кои ги стекнав во бременоста, за да можам и понатаму да се занимавам со манекенство. Боксот го обожавам бидејќи станува збор за спорт кој те учи на одрекување и дисциплина“, вели таа во нејзиното интервју за Fightsite.
Од првиот настап во рингот наваму, уште три пати влезе во истиот. Исходите од тие три меча се прилично чудни, да не речеме по малку комични. Во сите три дуели судиите прогласиле нерешен резултат, пишува Таратур.
На видеата можете да видите како оваа секси манекенка се снајдува во рингот.