Дома Останати Авто Мото Верстапен со пол-позиција на Хунгароринг

Верстапен со пол-позиција на Хунгароринг

0

Холанѓанецот, Макс Верстапен ќе стартува од пол-позицијата на утрешната 12-тата трка во Формула 1 шампионатот која ќе се вози за Големата награда на Унгарија.

Возачот на Ред Бул се извори за пол-позиција во денешните квалификации на патеката Хунгаро-ринг, каде за прв пат во кариерата стигнува до пол-позицијата. Тој зад себе ги остави двата болиди на „Мерцедес“, а втор ќе стартува, Валери Ботас.

Актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Луис Хамилтон мораше да се задоволи со третото место, а покрај него во вториот ред ќе стартува Шарл Леклер.

Потоа следуваат Себастијан Фетел, Пјер Гасли, Ландо Норис, Карлос Саинц, Роман Грожан и Кими Раиконен.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Спринтерот на годината под истрага поради допинг!

Aмериканскиот спринтер Кристијан Колмен се наоѓа под истрага на Светската анти-допинг аген…