Дома Фудбал Англија Венгер дополнително го навлече гневот на навивачите: Тие не можат да ме избркаат од Арсенал!

Венгер дополнително го навлече гневот на навивачите: Тие не можат да ме избркаат од Арсенал!

Стотина навивачи на Арсенал протестираа пред „Емирате“ стадионот во пресрет на реваншот од осмина финалето од Лигата на шампионите против Баерн од Минхен, а ниту на стадионот не го криеја своето разочарување.

Фановите на социјалните мрежи бараат Венгер да си замине од клубот, но Французот нема намера толку лесно да си замине.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Повеќе од 20 години работам да ги усреќам навивачите. Кога губиме, јасно ми е дека не се среќни. Фокусиран сум на следниот меч и сакам екипата да се врати по тешкиот пораз. Не размислувам за својата иднина, најважни ми се натпреварите“, рече Венгер.

Англиските новинари сакаа да знаат дали притисокот на навивачите ќе биде пресуден во неговата одлука за заминување или останување.

„Тоа е важно, но не е пресуден фактор. Не може еден пораз да го наруши сето она што го правев во овој клуб. Јас не работам за својот имиџ, јас работам за Арсенал. Како ќе судат за она што сум го постигнал, не е мој проблем. Сите овие години покажав колку го сакам овој клуб. Донесов некои од најдобрите одлуки во историјата на Арсенал и ќе продолжам тоа да го работам“, рече Венгер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пјеро бесен по новата елиминацијата, а еден цитат посебно ги боли Италијанците!

Азурите продолжуваат да се лизгаат уште подлабоко, иако како веќе да нема каде да одатR…