Дома Фудбал Останато Велемајсторот Тадиќ продолжува да „растура“ и во Амстердам: Нови два гола и асистенција!

Велемајсторот Тадиќ продолжува да „растура“ и во Амстердам: Нови два гола и асистенција!

Душан Тадиќ продолжува да игра во неверојатната форма со која го сруши европскиот шампион Реал и тоа во Мадрид.

Тадиќ денес одигра одличен натпревар на арената „Јохан Кројф“, а неговиот ајакс запиша победа против Фортуна од 4:0.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ова беше убава прилика навивачите на Ајакс да ги поздрават своите миленици после големата победа против Реал Мадрид, а секако дека најмногу аплаузи заслужува Душан Тадиќ кој против Реал запиша две асистенции и еден погодок.

Во денешниот натпревар Тадиќ како што кажавме ја продолжи одличната форма и го отвори резултатот со силен удар под пречката. Потоа му асистираше на Нереш за неговиот втор и трет за Ајакс, а во финишот од средбата Србинот стигна и до неговиот втор погодок за конечни 4:0.

Тадиќ со овие два гола и асистенција стигна до бројката од 18 голови и седум асистенции.

https://www.youtube.com/watch?v=eVAysIt6Cao

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …