Дома Фудбал Англија ВАР-контроверзи во ФА-купот: Дали Челси беше оштетен против Арсенал? 🎥

ВАР-контроверзи во ФА-купот: Дали Челси беше оштетен против Арсенал? 🎥

Арсенал со 2-1 ја доби битката против градскиот ривал Челси во финалето на ФА-купот, па така го освоија трофејот.

Главниот судија на мечот не беше најдобар, па предизвика многу контроверзи и ги налути навивачите на Челси, кои може да бидат незадоволни и кои тврдат дека се оштетени неколку пати.

Првиот пат ги налути при вториот жолт картон за Ковачиќ додека втората ситуација ќе биде актуелна неколку дена.

На крајот на 80. минута голманот Мартинез фати една долга топка, а на прв поглед се гледаше како да е надвор од казнениот простор. Тоа што дополнително ја комплицира работата е тоа што немаше ВАР-проверка.

Доколку беше досудено играње со рака, Мартинез сигурно ќе добиеше директен црвен картон, па мечот ќе беше неизвесен уште 10 минути.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дел Пиеро: Пирло има се што треба да биде подобар од Зидан

Зинедин Зидан во првите две ипол сезони како тренер освои три титули во Лигата на шампиони…