Поранешниот прв човек на Арсенал за трансфер, Дик Лав зборуваше за тоа како во летото 2016 година малку недостасувало да го доведе Џејми Варди на „Емирати“.
Таа сезона Лестер беше шампион н Англија, а Варди го играше најдобриот фудбал во кариерата. Се шпекулираше дека може да премине во Арсенал, а дека не биле само шпекулации сега потврди Лав.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Договорот со Лестер беше постигнат, имавме договор со играчот. Дојде со сопругата Ребека седна пред Венгер…Потоа се повлече. Додека патуваше назад кон Лестер ми кажа дека сака да размисли во текот на ноќта. Во тој момент знаев дека се работи за лоши вести“, порача Лав.
Варди на крајот одлучи да остане во редовите на „Лисиците“. Во шампионската сезона тој постигна 24 гола и го собори рекордот по бројот на голови на натпревари во низа во Премиер лигата (11). Дека таа сезона не била случајност потврди и оваа година во која исто така игра одлично. Лестер повторно е блиску до Лигата на шампионите бидејќи е на третата позиција, а Варди постигна 19 голови.
Денес Варди има 33 години и јасно е дека кариерата ќе ја заврши во Лестер.