Дома Фудбал Останато Ван Дер Сар: Де Лихт е како Роналдо

Ван Дер Сар: Де Лихт е како Роналдо

Поранешниот легендарен холандски голман, Едвин Ван Дер Сар истгкна дека Матијас Де Лихт во многу работи го потсетува на Кристиано Роналдо.

Де Лихт ова лето од Ајакс премина во Јувентус со кој потпиша договор на пет години.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Де Лихт констатно сака да напредува, да биде најдобар во светот. Имав прилика да работам со такви играчи. Еден од нив сега му е соиграч на Матијас, тоа е Кристиано Роналдо. Тие двајца имаат ист мотив – да бидат најдобри“, изјави Ван Дер Сар.

„Има само 19 години, а веќе се докажа во Ајакс, беше наш капитен. Сега е потребно да го научи јазикот и да се запознае со соиграчите. Повредата на Киелини придонесе за веднаш да се најде во првиот тим, но сигурно и дополнително го оптерети“, смета легендарниот голман.

Младиот стопер досега одигра пет натпревари во италијанското првенство и два во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Баерн го доби дербито, Сити заборави да победува

Манчестер Сити продолжи со серијата на лоши резултати, Баерн Минхен со минимална победа го…