Дома Актуелно Ван Дер Варт: Мегваер секој ден доаѓа дома и и кажува на жена си: Немам поим од фудбал, а заработувам толку пари

Ван Дер Варт: Мегваер секој ден доаѓа дома и и кажува на жена си: Немам поим од фудбал, а заработувам толку пари

Хари Мегваер стана најскап стопер во историјата кога минатото лето за 87 милиони евра премина од Лестер во Манчестер Јунајтед.

Одличниот дефанзивец имаше некои добри настапи во дресот на Јунајтед, но во неколку ситуации беше жртва на напаѓачите кои лесно поминуваа покрај него.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Последен кој го направи тоа беше играчот на Бурнемот Жуниор Станислас кој му ја турна топката низ нозете и постигна гол.

Жесток коментар на оваа ситуација неколку дена подоцна даде холандскиот фудбалер Рафаел Ван Дер Варт.

„Мислам дека Мегваер секој ден доаѓа дома кај неговата жена и и зборува: Немам поим од фудбал, а заработувам толку пари. Навистина веруваат дека сум добар“, изјави Ван Дер Варт.

Ваквите зборови сигурно нема да му се допаднат на Мегваер, а ќе видиме дали ќе има некаков одговор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Тикет на денот (недела, 14.09.2025)

Денес имаме одлична понуда, а ние ќе се вложиме максимално за да ја направиме вистинската …