Дома Фудбал Ван Дајк: Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?

Ван Дајк: Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?

Ливерпул претрпе голем удар за шампионските амбиции. Во градското дерби тој беше поразен од Евертон на „Гудисон Парк“ (2:0) за прв пат по 2010 година во реваншот од 29. коло на Премиер лигата.

Ливерпул сега заостанува три бода зад Арсенал на врвот на табелата, додека третопласираниот Манчестер Сити има четири бода зад Арсенал, но има и два натпревари помалку. До крајот на првенството остануваат само уште четири кола.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Капитенот на Црвените по натпреварот беше видно разочаран и револтиран.

„Разочаран сум од повеќе гледни точки. Ако играме како вечерва, нема зошто да се сметаме како кандидати за титулата, нема шанси за такво нешто.

Секој мора да се погледне во огледало, треба да ги согледа своите перформанси и да се запраша дали навистина даде се од себе? Треба да се запрашаме дали навистина сакаме да ја освоиме титулата?

Се бориме, има уште многу натпревари до крајот, но ако играме како денеска, нема никакви шанси. Ова е тежок и болен пораз, мора да бидеме подобри против тим кој се бори за опстанок. Имавме чисти шанси во првиот дел, требаше да дадеме гол и не бевме доволно добри. Не смееме да си дозволиме сезоната да ни се лизне од раце на ваков начин, изјави Ван Дајк

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фабрегас направи срамен потег, Алегри жестоко го навреди: Погледнете што се случи на натпреварот Милан – Комо (Видео)

Вчерашниот дуел од италијанската Серија А помеѓу Милан и Комо на Сан Сиро заврши без побед…