Дома Фудбал Англија Ван Дајк: Зарем е мала работа да ја освоите Премиер лигата?!

Ван Дајк: Зарем е мала работа да ја освоите Премиер лигата?!

Tимот на Ливерпул изгледаше совршено се до неодамна кога „црвените“ западнаа во блага криза.

„Црвените“ изгубија на последните два натпревари (Вотфорд и Челзи), се простија од ФА Купот и се во опасност да бидат елиминирани од Лигата на шампионите. Во осминафиналето во првиот натпревар Ливерпул изгуби од Атлетико со 1:0.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новинарите го запрашаа Ван Дајк што мисли можноста Ливерпул да остане само со еден трофеј.

„Ќе останеме само со Премиер лигата? Да, зарем тоа е мала работа? Го освоивме Суперкупот и Светското клупско првенство. Секогаш постојат луѓе кои ќе бидат незадоволни и ќе бараат само негативни работи. Таква е реалноста. Или ќе се фокусирате на добрите работи или до крај ќе останете во некоја негатива. Јас ќе се фокусирам на добрите работи затоа што и реално сме во добра ситуација“, изјави Ван Дајк.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историска одлука во најва: Манчестер Сити останува без 60 бодови и се преселува во понизок ранг!?

Веќе долго време трае правната битка помеѓу Манчестер Сити и Премиер лигата за наводни фин…