Славниот холандски тренер Луис Ван Гал, поранешен селектор и поранешен менаџер на Манчестер Јунајтед имаше интервју за холандските медиуми.
Ван Гал откри дека пред Светското првенство во 2014 година кога Холандија ја одведе до третото место имал понуда од Тотенхем, но сепак го избрал Манчестер Јунајтед. Газдата на Спарси, Даниел Леви дошол да преговара со него во Холандија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Леви дојде во мојот дом во Нордвик, а замина сокриен во багажникот на автомобилот бидејќи надвор имаше новинари“, откри Ван Гал па продолжи.
„Преговорите траеа навистина долго и така Манчестер Јунајтед имаше прилика да испрати понуда“.
На крајот го избрал Јунајтед затоа што за него тоа е најголем предизвик во Англија. Тотенхем место Ван Гал го доведе Покетино. На „Олд Трафорд“ остана две години, а потоа го наследи Жозе Мурињо.
Во овој момент тој нема амбиции да влегува во фудбалот повторно.
„Во пензија сум и немам амбиции да бидам технички директор или пак аналитичар. Мојата сопруга ја остави работата пред 22 години. Јас и кажав дека ќе работам до 55, но останав до 65. Таа има право на живот со мене без фудбал и можам да кажам дека е многу среќна“, изјави Ван Гал.