Реал Мадрид вчера славеше победа на Бернабеу со 2:0. Двата гола беа постигнати во второто полувреме и беа дело на Мбапе.
Французинот прво стрелаше во 67. минута, а потоа и од белата точка на 15-тина минути до крајот на средбата.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Забелешки за досудениот пенал за Реал има легендарниот Ван Бастен. Судијата во прв момент не го санкционираше контактот помеѓу голманот на Бетис и Винисиус и досуди офсајд. Сепак, по реакцијата на ВАР и прегледувањето на снимката ја промени одлуката.
„Винисиус го иницираше контактот, тој го удри голманот во нозе, а од друга страна тој не направи ништо. Колку треба да сте глупав за да мислите дека ова е пенал? Ова е еден класичен пример во кој луѓето од ВАР никогаш не играле фудбал, ако играле ќе знаат дека не може да биде пенал“, вели Холанѓанецот.