Дома Фудбал Останато Ванда: Од кога Икарди се пресели во ПСЖ мојот живот е хаос

Ванда: Од кога Икарди се пресели во ПСЖ мојот живот е хаос

Мауро Икарди ова лето после долгата трансфер сага во самиот финиш од преодниот рок се пресели во ПСЖ.

Цело лето Икарди се поврзуваше со неколку европски клубови на крајот заврши во Париз каде што игра како позајмен фудбалер. ПСЖ ќе има опција на крајот од сезоната и во целост да го откупи неговиот договор.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Сега во интервју за „Телефе“ сопругата и агент на Икарди зборуваше за тоа како се одвива нејзиниот живот откако Икарди направи трансфер.

„Мојот живот е хаос откако Икарди премина во ПСЖ. Имам договор со „Медијасет“ телевизијата и морам цело време да доаѓам и да си заминувам. Живеам на реалција Милано – Париз, тоа е мојата најголема жртва. За децата имаме две куќи, половина година ќе учат во Париз, половина во Милано“, изјави Ванда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Едерсон е минато: Гвардиола договори нов чувар на мрежата

Манчестер Сити се подготвува за следната сезона во која ќе се обидат да се вратат на „голе…