Дома Фудбал Англија Валенсија „лајкуваше“ пост за отказ на Мурињо, а потоа се извини!

Валенсија „лајкуваше“ пост за отказ на Мурињо, а потоа се извини!

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Антонио Валенсија стави „лајк“ на пост за барање оставка на тренерот Жозе Мурињо, но потоа јавно се извини за тоа.

На Валенсија му се допаднала фотографијата поврзана со постот на Инстаграм поставен од страна на група навивачи каде се бара оставка на тренерот Жозе Мурињо.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Се извинувам. Ставив лајк без да ја прочитам содржината. Тоа е несреќна моја реакција. Тоа не е мојот став за тренерот Мурињо“, изјави Валенсија.

„Време е Мурињо да замине“, стои во постот на Инстаграм.

33-годишниот Валенсија е на „Олд Трафорд“ е од 2009 година. Досега одигра 335 натпревари во кои постигна 25 гола и запиша 62 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Слот: Против Брентфорд бевме најлоши од сите четири порази

Шампионот на Англија вчера вечер во Лондон загуби од Брентфорд со резултат 3:2 во деветтот…