Францускиот фудбалер Франсис Кокелан и официјално премина од Арсенал во Валенсија.
Шпанскиот клуб објави дека Кокелан потпишал договор со важност до летото 2022 година и во кој има вметнато откупна клазула од 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Кокелан во редовите на Арсенал пристигна на само 17 години во 2008 година и за англискиот клуб настапи на 160 натпревари.
Во текот на кариерата беше позајмуван на Лориен, Фрајбург и Чарлтон. Покрај тоа ги помина сите младински селекции на Франција.
? Francis Coquelin: “El @valenciacf es un club excelente y no me arrepentiré de venir”
➡ https://t.co/HrP3XxcdUm pic.twitter.com/7iycbi5YxB
— Valencia CF (@valenciacf) January 11, 2018