Дома Фудбал Валверде лут на управата на Барселона поради Паулињо

Валверде лут на управата на Барселона поради Паулињо

Бразилскиот репрезентативец Паулињо неодамна ја напушти Барселона по само една сезона и одлучи да се врати во Кина.

Паулињо минатото лето во Барса пристигна од Евергранде и многумина веруваа дека тоа е голема грешка на каталонскиот клуб. Сепак, бразилскиот играч одигра многу добра сезона и се покажа како одлично засилување за Барселона. Но, по Мундијалот навивачите на Барса беа изненадени кога потврдија дека Паулињо се враќа во кинескиот клуб.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Барселона го испрати на едногодишна позајмица, но Евергранде по тоа ќе мора да го откупи неговиот договор за 50 милиони евра. Меѓутоа, она што многумина не го знаеа е дека тренерот на каталонскиот клуб, Ернесто Валверде бил против продажбата на Паулињо.

Валверде јасно изјави дека сака Паулињо да остане во екипата, бидејќи е важен дел од неговиот тим, но управата на клубот не го послуша. Реномираната „Марка“ пренесува дека Валверде е лут на управата на Барса за тоа што Паулињо по година дена го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сари бара странски судии

Во дербито од 11. коло на италијанското фудбалско првенство, Интер извојува победа над Лац…