И покрај тоа што Меси не беше на теренот, Барселона вчера постигна пет гола во победата на Барселона против Валенсија од 5:2 и покажа дека е спремна за почетокот на Лигата на шампионите кој е закажан за во неделата која следи.
За победата на Барселона еден од најзаслужните беше 16 годишниот Ансу Фати за кого ова беше прв натпревар кој го започна и тоа го направи на фантастичен начин.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Уште во втората минута Фати постигна гол за водство, а во седмата му асистираше на Де Јонг за 2:0.
Во продолжението стрелаа Пике и Луис Суарез кој влезе на местото на Фати во 60-тата минута.
Секако, после натпреварот главна тема беше Фати. Кој го воодушевуви тренерот Ернесто Валверде. Валверде на конференцијата призна дека не очекувал такво нешто од 16 годишниот фудбалер.
„На никого не му е лесно да игра за Барселона, а посебно не на еден така млад фудбалер како Ансу Фати. Не е нормално тоа што го направи, постигна гол со првата топка, асистираше со втората. Сакаме да се запознае со себе си, да сфати колку ова е комплицирано“, го предупреди Валверде Фати дека работите нема да одат секогаш така лесно.
„Каде и да биде играчот мора да го заслужи своето место. Тренерите сакаат младите играчи да пружаат енергија која ќе можат да ја искористат. Ансу ги има квалитетите кои ни се потребни“, заврши Валверде.
Ansu Fati needed 3 La Liga games to score his first 2 goals.
— ESPN FC (@ESPNFC) September 14, 2019
Lionel Messi needed 13 games. pic.twitter.com/36nNAqnm9b