Дома Фудбал Италија Буфон ја промени историјата на Серија А

Буфон ја промени историјата на Серија А

Легендарниот голман на Јувентус, Џанлуиџи Буфон уште еднаш го запиша своето име во историјата на Серија А.

Буфон со 42 години и 9 месеци стана рекордер во Серија А по бројот на настапи, тој синоќа против Кротоне го одигра својот 650-ти меч во најквалитетното италијанско првенство.

Буфон дебитираше во Серија А пред 25 години. Колку е тоа одамна доволно говори податокот што 7 од десетте соиграчи на вчерашниот меч се уште не биле родени кога голманот застанал меѓу стативите во далечната 1995 година.

Демирел, Артур, Бентакур, Киеза, Фработа, Кулушевски и Портанова на свет дошле после дебито на „Гранце Џиџи“.

До овој момент Буфон има 917 одиграни натпревари во кариерата, на кои 410 пати го зачувал својот гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Откриено: Како Манчестер Јунајтед го „украл“ Роналдо пред „носот“ на Ливерпул

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Жерар Улије откри како Манчестер Јунајтед го добил Роналд…