Дома Фудбал Италија Буфон: На мене и Касиљас ни истекува рокот на употреба!

Буфон: На мене и Касиљас ни истекува рокот на употреба!

Легендата на италијанскиот фудбал, Џиџи Буфон истакна дека ќе му биде необично да го гледа голот на Шпанија без неговиот колега Икер Касиљас.

Голот на „азурите“ се уште не може да се замисли без Џиџи Буфон, но шпанската репрезентација вечерва ќе игра против Италија без легендарниот Икер Касиљас.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Тоа ќе изгледа чудно. Тоа е знак дека ни истекува рокот на траење. Дојдовме до крајот на кариерите, што е нормално. Јас во неа ќе уживам додека можам. Не сакам никакво жалење, чувствувам дека се уште можам да се подобрам “, изјави Буфон.

Буфон потоа истакна дека најголема закана за Италија вечерва ќе претставува Алваро Мората и ќе биде среќен доколку неговиот поранешен соиграч не биде на теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…