ПСЖ освои важен бод на гостински терен кај Наполи во Лигата на шампионите борбата за најтешката група за пласман во следната фаза продолжува.
Уште една позитивна работа за „светците“ е што Буфон дебитираше за францускиот шампион во ова натпреварување.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Меѓутоа италијанската легенда сега ја разбуди фантазијата на навивачите на Бока Јуниорс.
„Ќе ви ја кажам вистината, никој од Бока не ме побарал. Можам да ви кажам дека со Карлос Тевез имам големо пријателство. Со него бев соиграч во Јувентус и можам да кажам дека е одличен лидер“, изјави поранешниот голман на Парма и Јувентус и продолжи:
„Ако сум потребен на Тевез ќе направам нешто лудо, а тоа е да преминам во Бока“.
Ќе потсетиме Буфон со Бока Јуниорс се поврзуваше и во текот на летото.