Дома Фудбал Буфон: Мојот најголем срам е што купив средношколска диплома

Буфон: Мојот најголем срам е што купив средношколска диплома

Џанлуиџи Буфон (46) е еден од најголемите голмани на сите времиња. Беше светски првак со Италија, повеќекратен италијански шампион со Јувентус, а двапати бранеше за Парма и француски ПСЖ.

Буфон има исклучителна спортска кариера, но призна дека се срами од еден негов потег од младоста.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Имено, славниот италијански голман веќе на 18 години беше ѕвезда на италијанската лига. Немал време да оди на училиште, па платил за да добие диплома.

„Направив многу грешки кога бев млад. Она од што најмногу се срамам е што купив диплома. Никогаш не би го направил тоа бидејќи е нечесно. Не сакам да одам по кратенки до успехот. Но, добро , не сум совршен и мислам дека затоа сум близок со луѓето“, изјави Буфон.

Играчката кариера ја заврши на 1 август минатата година. Буфон веднаш по завршувањето на кариерата најде нова работа. Легендарниот голман стана шеф на делегацијата на италијанската репрезентација и ќе ја преземе функцијата што некогаш ја извршуваше покојниот Џанлука Вијали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Титула, па инвестиција од 130.000.000 евра: Клуб од регионот има нов сопственик

Левски од Софија има нов сопственик и следуваат големи инвестиции во бугарскиот фудбал, ко…