Дома Фудбал Италија Буфон: Лацио е поопасен тим во трката за Скудетото

Буфон: Лацио е поопасен тим во трката за Скудетото

Легендарниот голман на Јувентус во интервју „Ле Иене“ зборуваше на актуелни теми поврзани со Јувентус.

Буфон верува дека Маурицио Сари ќе остане во клубот затоа што тимот во овој момент е во еден процес на промена на филозофијата и наметнување на нов стил на игра. Исто така истакан дека Лацио е поопасен кандидат од Интер во борбата за Скудетото.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Неопходна беше промена, моравме да се насочиме кон промени и за тоа е потребно време. Мое мислење е дека правилно е што постапи на ваков начин, се надевам дека Сари ќе остане затоа што верувам во неговиот проект. Тимот треба да станува се подобар и подобар“.

„Интер има обврски во Лигата на Европа и веројатно ќе оди во следната фаза и поради тоа на Лацио гледам како на поопасен тим во трката за Скудетото. Играат само за викенд и имаат повеќе време да се спремат и да одморат“, изјави Буфон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како и…