Иако помина подолго време во фудбалскиот свет се уште една од темите за која се зборува е пеналот досуден за Реал Мадрид во ¼ финалето во Лигата на шампионите во натпреварот против Јувентус.
Буфон неодамна и по втор зборуваше за истата ситуација, додаде дека се што кажал во тие моменти би го кажал и повторно, во таа прилика голманот им порача на новинарите и дека не сака повеќе да зборува на таа тема.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, денес во Торино при една маркетинг акција на голманот, повторно доби исто прашање. Сега откри како ја поминал ноќта споменатиот натпревар.
„Сите ние имаме предности и слабости, некогаш може и да претераме, но одлуките кои ги носиме во одредени моменти се слика на она што ние сме и што го сакаме. Со некои работи мораме да се помириме и секој си има свој начин на справувањето со такви ситуации. По натпреварот против Реал долго размислував со прошетка во градина полна со печурки и цвеќиња, Тоа беше мојот начин да се обидам се смирам“, откри Буфон.
Да потсетиме, единствениот трофеј кој Буфон не успеал да го освои со Јувентус е Лигата на шампионите.