Дома Фудбал Италија Буфон има понуди, но ОВАА се издвојува – Може ли навистина да стане МИНИСТЕР?!

Буфон има понуди, но ОВАА се издвојува – Може ли навистина да стане МИНИСТЕР?!

Изненадувачки вести ни пристигнуваат од Италија, еден од најпопуларните Италијанци на сите времиња би можел да влезе во политиката.

Станува збор за верувале или не големиот Џанлуиџи Буфон. Буфон е вистински мит и симбол на репрезентацијата на Италија. Според многумина тој ќе се повлече како најдобар голман на сите времиња, сеуште не знае што ќе работи, Јувентус за сега има најголеми шанси да го задржи како еден од водечките луѓе во клубот.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, би можел да влезе во политиката и тоа како министер.

Секако, пред тоа, „Ренесансата“, новоформираната партија би морала да победи изборите, што е многу тешко.

Лидерот на оваа партија, Виторио Сгарби, контроверзниот уметнички критичар и поранешниот телевизиски водител основаше партија и најави дека Буфон би можел да биде заштитно лице.

„Ако станам премиер тој ќе биде министер за спорт“, изјави Сгарби.

Изгледа невозможно, но од друга страна, така зборуваа и за Бепе Грил и неговата парија, во Италија работите брзо се менуваат, а традиционалните партии од поодамна ги изневерија граѓаните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…