Moжеби тоа не е негова работа, но Џанлуиџи Буфон изгледа е упатен и во трансфер политиката на Пари Сен Жермен.
Голманот на „светците“ гостуваше во емисијата „Тики Така“, каде што откри дека Едисон Кавани нема да го напушти Париз во јануари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во изминатиот период се споменуваше дека Кавани може да се врати во Наполи, тим со кој ПСЖ се најде во иста група во Лигата на шампионите.
„Отворено зборував со него. Наполи за него е многу близок клуб. Тој не е имун на интересот од претседателот Де Лаурентис, но мислам дека во овој момент ПСЖ е неговиот приоритет поради Лигата на шампионите. Не дека Наполи нема шанси, но според мене Кавани нема да замине пред јуни“, изјави Буфон.