Дома Фудбал Останато Буфон го разочара фудбалскиот свет – Еве кога се повлекува!

Буфон го разочара фудбалскиот свет – Еве кога се повлекува!

Џанлуиџи Буфон, легендарниот голман на Јувентус и репрезентацијата Италија, потврди дека ќе се пензионира на крајот од сезоната, освен во еден случај.

Буфон кој има 39 најави дека ќе се пензионира по завршувањето на Светското првенство, секако во случај Италија да се пласира.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Како што најави Буфон, единствена опција за тој да остане на голот и во наредната сезона е само доколку Јувентус ја освои Лигата на шампионите.

„Ова е моја последна сезона и прилично сум сигурен во изборите кои ги правам. Единствен начин да продолжам да бранам и наредната сезона е само доколку ја освоиме Лигата на шампионите. Во тој случај би останал за да се обидам да го освојам и Светското клупско првенство, можеби со Шчезни би можеле да се менуваме, на еде натпревар“, изјави Буфон.

Иначе, Буфон на гала вечерта во Лондон од ФИФА беше прогласен за најдобар голман за 2017 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА доби 500 милиони барања за билети за СП: Еден натпревар е омилен кај навивачите

ФИФА објави дека примила повеќе од 500 милиони барања за билети за Светското првенство 202…