Роналдо е на чекор од Јувентус и тоа веќе на сите им е јасно.
Работите се ближат кон крајот, практично се е договорено и во овие момент изгледа дека нема пречки за трансферот да биде реализиран.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Но, побуна изби во Италија и тоа не помеѓу играчите на Јувентус, туку од работниците во ФИАТ.
Имено, познато дека најмалку половина од неговата плата ќе ја плаќа ФИАТ.
„Срамота е што нас не ни ги покачиле платите десет години, а сега доведуваат играч од 350 миилиони“.
Синдикатот од една од фабриките се огласи со процент дека со тие пари сите вработени во ФИАТ би добиле поголема плата за 200 евра.
Од друга страни, тие веруваат дека во Италија сигурно во Неапол, Рим, Фиренца нема да ги купуваат автомобилите на компанијата поради Роналдо, но од друга страна семејството Ањели не смета на Италија, Кристиано Роналдо е светски бренд.