Зинедина Зидан и Реал Мадрид заедно по четврти пат?! Првиот пат Французинот дојде како играч, потоа уште двапати како тренер, а сега би можел како десна рака на Флорентино Перез.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Перез сака да го има Зидан во својот клуб, но сега не како замена за Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Наводно, Перез сака да го искористи тоа што Зидан и понатаму е без ангажман и нема тренерски ангажман и сака да му понуди улога на советник, но и да биде врска помеѓу соблекувалната и управата. Сепак, се наведува дека тоа е потенцијален „таен мотив“, Зидан да биде спремен веднаш да го наследи Анчелоти ако не му оди добро наредната сезона.
Перез неколку месеци ја разгледуваше опцијата за смена на Италијанецот кој се уште има понуда од Бразил. Се шпекулира и дека Анчелоти не е задоволен од плановите на Перез за ово јпреоден рок.
Анчелоти го сакаше Хари Кејн, Перез се согласи, но мислењето му се променило кога Мбапе порача дака нема да го продолжи договорот и спремен е да го чека уште една сезона ако не успее да го доведе ова лето. Наредното Мбапе ќе биде слободен.
Зидан во изминатиот период ги одби ПСЖ и Јувентус, ја чекаше Франција, но Дешам доби нов договор.