Фудбалерите на бугарската репрезентација доживеале тешка сообраќајна несреќа во Грузија.
На пат од аеродромот во Тбилиси до хотелот се судрија два автобуси, а најтешко е повреден репрезентативецот Тодор Неделев, кој заврши во болница.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Несреќата се случила поради неприлагодена брзина во услови на дожд, а притоа настрадал бугарскиот репрезентативец Тодор Неделев, кој заврши во болница.
Неделев имал повреди на черепот, по што му била извршена операција која траела два часа и ќе мора да остане во болница околу седум дена.

„Бугарскиот национален тим доживеа тешка сообраќајна несреќа по пристигнувањето во Тбилиси. На пат кон хотелот, возачот на еден од двата автобуси, со кои се превезуваа играчите, загуби контрола врз воланот, предизвикувајќи како резултат на тоа тешка несреќа. Неделев е пренесен во локалната болница, а другите членови на тимот се чувствуваат добро“, се наведува во официјалното соопштение.
Nesreća u Gruziji.. pic.twitter.com/h2LvxyJQH0
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) June 11, 2022