Дома Македонски спорт Мак фудбал Бугаринот Карачанаков го засили нападот на Македонија Ѓорче Петров

Бугаринот Карачанаков го засили нападот на Македонија Ѓорче Петров

Тимот на Македонија Ѓорче Петров полека го креира тимот за наредната сезона, а откако пред еден ден беа потврдени заминувањата на Стефан Лазаревиќ и Есмин Личина се пристигна и ново име во клубот.

Нападот на „лавовите“ е посилен за бугарскиот напаѓач Антон Карачанаков. 31-годишниот фудбалер во клубот пристигнува од тимот на Монтана.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во последната полусезина за Монтана тој одигра 16 натпревари во кои имаше учинок од пет гола и две асистенции. Низ кариерата го носеше дресот на Пирин, Царско Село, Ботев, Берое, Славија и ЦСКА Москва во Бугарија, додека беше дел уште од романската Поли Јаши, грчкиот Панчаики и руската Балтика.

Ќе потсетиме, Македонија Ѓорче Петров во изминатата сезона го одбрани трофејот во Купот на Македонија и така обезбеди место во првото коло од квалификациите за Конференциската лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…