Дома Фудбал Англија Бруно Фернандеш конечно проговори за наводната расправија со Мегваер

Бруно Фернандеш конечно проговори за наводната расправија со Мегваер

Многу се пишуваше во англиските медиуми за наводната расправија на Бруно Фернандеш со Мегваер на полувремето против Тотенхем.

Ниту Мегваер, ниту Фернандеш или пак било кој друг од клубот не се огласуваа во јавноста на оваа тема. Сега, Фернандеш конечно се реши да зборува и тврди дека не се случувало ништо такво.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Многу се пишуваше за тоа. Прво дека сум се расправал со повеќе играчи, па потоа само со Мегваер, па со Линделоф, а на крај со Солскјер. Сетоа тоа се само обид да не извадат од ритам. Ништо од тоа не е вистина. Тренерот ме остави во соблекувалната, но од технички причини. Ми кажа дека натпреварот е скоро готов бидејќи губевме со 1:4 и дека пред нас се уште многу натпревари. Не бев задоволен, но не кажав ништо, посебно не правев глупости пред соиграчите“, изјави Фернандеш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…