Вчера немавме среќа и во баражот за пласманот на Светското првенство во ракомет во 2021 година ја добивме силната Франција.
Македонија против една светска велесила ќе бара место за турнирот во Египет следната година и јасно е дека шансите за пласман ни се екстремно мали. Свесен за тоа е и селекторот Брестовац.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Немавме среќа. Против Франција нашите шанси за пласман на СП се најмали. Тие како и ние се во фаза на подлмадување, ќе почекаме да видиме каков состав ќе објават во парил, тогаш се играат Олимписките квалификации. Имаат и нов селектор, како и да е јасно е дека тие се големи фаворити против нас“.
„Ние ќе продолжиме по патот на подмладување на репрезентацијата и се надевам дека во ждребот за ЕП 2022 ќе имаме полесна ждрепка. Тоа би можело да биде местото каде што подмладувањето ќе даде резултат и ќе се вратиме во првиот шешир за СП“, изјави Брестовац.