Дома Фудбал Лига на шампиони Братот на фудбалерот на Ливерпул со неговата бремена сопруга се криел во хаосот пред стадионот 🎥

Братот на фудбалерот на Ливерпул со неговата бремена сопруга се криел во хаосот пред стадионот 🎥

Ливерпул и Реал Мадрид требаше да го започнат финалето во Лигата на шампионите во 21 часот, но поради нередите пред стадионот започна со задоцнување од околу 30-тина минути.

Француските медиуми објавија дека полицијата морала да реагира и да пушти солзавец за да ги смири нередите, а наводно голем број навивачи успеале да влезат на стадионот иако немаат билети, додека пак има и такви кои со билети останаа пред стадионот.

Исто така, е објавено дека проблеми имал и братот на играчот на Ливерпул, Џоел Матип, Марвин, кој со семејството дошол во Париз да го гледа натпреварот. Поради солзавецот морал да побегне и да се крие со семејството, а особено да ја заштити сопругата која е бремена.

Дефинитивно организаторот потфрли и останува да видиме подоцна какви и дали ќе има санкции за одговорните.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…