Дома Фудбал Репрезентации Бразилецот на клупата на Албанија во еуфорија откако обезбеди пласман на ЕП: Чест ми е што сум селектор на овие момци!

Бразилецот на клупата на Албанија во еуфорија откако обезбеди пласман на ЕП: Чест ми е што сум селектор на овие момци!

Репрезентацијата на Албанија по вторпат во својата историја ќе игра на Европско првенстви, нашиот западен сосед со вчерашниот бод против Молдавија само ги потврди одличните квалификации.

Албанија е предводена од бразилскиот стратег Силвињо кој го повтори успехот на Италијанецот Џовани Де Бјази кој во 2016 година ја одведе оваа селекција на ЕП во Франција. Тогаш Албанија во групната фаза забележа една победа и два порази.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Чест ми е што сум селектор на Албанија. Ја чувствувам енергијата, желбата за успех на овие момци и на овој народ. Не е само на Силвињо, туку овој успех е и на Забалета, Дорива, Булку (неговите помошници), целиот стручен штаб и на фудбалерите. Клучот за овој успех не е тактиката, туку желбата да се успее и љубовта кон фудбалот“, изјави Силвињо по вчерашниот натпревар.

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Барселона, Манчестер Сити и бразилски репрезентативец работи одлично на клупата на Албанија и во последните осум натпревари има пет победи, две нерешени и еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Срцепарателна порака од навивачот поради кого синоќа целиот свет навиваше за Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед не успеа да го продолжи неверојатниот победнички низ бидејќи синоќа во …