Дома Трансфер зона Бразилецот игра одлично, Мурињо го пофали, но тој НЕМА намера да се врати на „Олд Трафорд“!

Бразилецот игра одлично, Мурињо го пофали, но тој НЕМА намера да се врати на „Олд Трафорд“!

mourinho

Мурињо го фалеше, но изгледа дека тоа не помага, Манчестер Јунајтед најверојатно ќе остане без еден од своите најталентирани фудбалери.

Манчестер Јунајтед и ова лето продолжи со праксата да го испраќа Андрес Переира на позајмица во шпанската Примера, а сега младиот фудбалер истакна дека во иднина не се гледа себе си на „Олд Трафорд“.


Само Португалија е сигурна, Белгија се тресе! ↓↓↓


„Мислам дека донесов одлична одлука кога минатото лето се преселив во Валенсија. Пресреќен сум и сакам да останам тука. Работите тука се одвиваат онака како што посакував. Не би менувал апсполутно ништо“, изјави 21 годишниот Бразилец.

Тој минатата сезона ја помина на позајмица во Гранада, остави добар впечаток, но сепак Гранада испадна во Секунда. Во тековната сезоната настапува за Валенсија и приказната е сосема поинаква.

Овој тим игра најдобро во последната деценија, после 11 одиграни кола се наоѓаат на втората позиција и само Барса е пред нив, а сеуште не се поразени. Переира има одличен учинок во овие резултати на Валенсија иако не е стартер.

На последните четири натпревари тој само еднаш беше стартер, но затоа запиша две асистенции и постигна еден погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Кварацхелија се договори со ПСЖ

Квича Кварацхелија ова лето готово сигурно ќе го напушти Наполи, а според последните …